Од ЗНМ се противат на намерата на менаџментот на МПМ да отпушти од работа десет новинари и велат оти силно се солидаризира со колегите од “Утрински весник” .
„Здружението бара од менаџментот на МПМ и раководството на весникот да престанат со притисоците врз новинарите, кои се противат на отпуштање на новинари, како еднострана мерка, за рационализација на трошоците во весникот. ЗНМ ја поддржува акцијата на ССНМ за солидаризирање со колегите на Утрински весник преку потпишување на изјава за поддршка и го повикува своето членство масовно да се приклучи на акцијата“, се наведува во писмената реакција на ЗНМ.
Додаваат дека Здружението внимателно ќе ја следи состојбата и ќе ги поддржи сите следни чекори на ССНМ во справувањето со проблемите во “Утрински весник”.
извор: „Макфакс“