ЗНМ најостро ја осудува изјавата на премиерот Никола Груевски во која тој посочува дека медиумите А1 ТВ, Време, Шпиц и Коха Е Ре се непрофесионални медиум, повикувајќи ги граѓаните сите информации кои се емитуваат на овие медиуми да се земаат со сериозна резерва.
Со ваквата изјава претседателот на Владата Никола Груевски врши политичко жигосување на медиумите, а истовремено нанесува и сериозна материјална штета, сериозно загрозувајќи го начелото на конкурентноста, стои во реакцијата на ЗНМ.
Здружението на новинари бара од претседателот на Владата Никола Груевски јавно да се извини за искажаните зборови против медиумите А1, Време, Шпиц и Коха Е Ре.
За релевантноста и точноста на информациите објавени во медиумите суди јавноста, а новинарите одговараат пред Судот на честа при ЗНМ. Затоа ниту еден политичар, во случајот премиерот Груевски нема право и не смее да етикетира и навредува новинари и медиуми. – се вели во соопштението на ЗНМ.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денес во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите го започнаа протестниот м...
Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ на потегот од ЕВН до Противпожарната станица Денеска се вршеше поставување на нов асфалт на коловозот, по што ќе...
По објавувањето на програмата на Фестивалот „Охридско лето 2025“ на нешто помалку од три месеци, директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски фестивалската програма ја презентира и пред делега...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.