Здружението на новинарите на Македонија, најостро го осудува вербалниот и непримерен напад со клевети и навреди на пратеникот Амди Бајрам врз новинарите – известувачи од Парламентот.
Незадоволен што не е предмет на интересирање на медиумските куќи господин Бајрам почна неконторлирано да вика дека новинарите треба да бидат тепани и затворани. Ги нарече и мафијаши кои работат за странски служби против интересите на државата.
ЗНМ ке ја консултира својата правна служба и за евентуално решавање на случајот со правни консеквенции, бидејки на пратеникот Бајрам ова не му е прв пат да се однесува непримерно и недолично кон новинарите. Пред 7 години ја нападна колешката Марија Весова, а неодамна сакаше да го запали “ДНЕВНИК“.
Истовремено бараме јавно извинување од пратеникот Амди Бајрам, а од Собранието да се огради од вакви и слични однесувања, се вели во соопштението на ЗНМ.