Здружението на новинарите на Македонија остро го критикува начинот на кој дел од медиумите известуваат за судскиот процес против Лазе Радески –обвинет за убиство на тројца улични продавачи на девизи,  што се води во Основниот суд во Охрид.

Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија во известувањето на дел од новинарите од судскиот процес констатирал кршење на членови од Кодексот на новинарите.  Според ЗНМ  во информациите за судскиот процес против Лазе Радески во вестите на ТВ „Сител“ и текстовите објавени во весниците „Вест“, „Вечер“, „Утрински весник“ и „Време“ се употребени експлицитни формулации за извршените злосторства врз мртвите тела на жртвите со што може да им биде предизвикана дополнителна болка на сите поврзани со случаите, но и на гледачите.

Ваквото однесување на дел од медиумите според ЗНМ  не може да биде оправдано со правото на јавноста да биде информирана.

Ohridnews