Советот на честа при Здружението на новинарите на Македонија реагира, на како што се наведува во соопштението,  сè позачестените случаи на директно, но и на прикриено рекламирање под маската на „информирање“. Советот потсетува дека секаков вид на комерцијално огласување кое не е јасно издвоено од информативните содржини во медиумот се сметаат за грубо кршење на професио-налните стандарди.

– Како пример ЗНМ ги посочува многуте прилози и текстови за „успешните“ приватни универзитети, новите производи или услуги на одредени компании кои станаа редовна и за жал не осамена појава. Под таквите „прилози“ неретко се потпишани конкретни новинарски имиња.

Советот  потсетува дека  уредниците  доколку се известува за личности или компании кои имаат сопственички удел во медиумот тој податок треба да биде наведен од страна на новинарот односно уредникот, исто како што треба јасно да биде наведено доколку сопственикот на медиумот има удел во компанијата или организацијата за која се известува. 

Воедно, Советот ги потсетува и новинарите дека независно од тоа каде работи, првенствено е одговорен на своите слушатели, гледачи, читатели и таа одговорност не смее да биде запоставена на сметка на интересите на другите, независно дали се тоа сопственички, бизнис или политички центри на моќ.

Ohridnews