„Во соопштението од Владата лиферувано како реакција на протестот на новинарите на А1 телевизија, Време, Шпиц и Коха е Ре, истите се нарекуваат „група лица вработени во компании коишто имаат седиште на улица Перо Наков б.б.“, за кои подолу во соопштението стои дека манипулираат и дека ја злоупотребуваат општествената позиција за нарушување на имиџот на Владата „во функција на остварување на лични и политички интереси на поединци и партии““, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.
Од друга, ЗНМ, му забележува и на лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Бранко Црвенковски кој во изјава телевизиите Сител и Канал 5 ги нарече „партиски послушници и платеници“.
Заради овие вербални атаци врз новинарската професија и медиумите, ЗНМ бара и од Владата и од Црвенковски, но и од сите други политички субјекти, да престанат со нападите и етикетирањето на новинарите.
„Ги повикуваме новинарите, и покрај сите квалификации и намери за нивна поделба, да останат единствени и достоинствено да истраат во извршувањето на своите професионални задачи“, се дополнува во соопштението на ЗНМ.
извор: „Макфакс“