Здружението на новинарите на Македонија соопшти денеска дека во иднина нема да делегира свои претставници во Советот за радиодифузија, а актуелните членови на Советот, предложени од ЗНМ, Бранислав Радовановиќ и Столе Наумов, ги повикува да го преиспитаат своето учсество во работата на Советот.

ЗНМ најави дека ќе ја ревидира оваа одлука кога надлежните институции ќе прифатат да се преиспита спорниот член од Законот за радиодифузија.

Владејачката ВМРО ДПМНЕ втор пат за десетина дена обвини дека Здружението на новинари на Македонија има идентичен став со најголемата опозициска партија.

„Дополнително е жално што таквиот став ЗНМ не го гради врз основа на аргументи, туку само врз основа на воопштени впечатоци и заклучоци. Се надеваме дека во следниот период, ЗНМ поединечните интереси ќе ги стави во втор план, а во прв план ќе биде владеењето на правото, функционирањето на системот и демократијата“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Инаку, измените во законот за радиодифузија беа донесени по скратена постапка пред да се формира Владата и предвидуваат бројот на членови на СРД да се зголеми од девет на 15.

OhridNews