Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ, најави дека ќе организира протест за заштита на достоинството. Како причина за протетстот ЗНМ ја наведува судската пресуда за “клевета“ на новинарка на А1, Менче Атанасова Точи,  за истражувачка сторија објавена пред две години.

„ЗНМ е подготвено, во консултација и со широка поддршка на колегите од сите медиуми, да го примени можеби најнепопуларното, но со оглед на настаните, нужно и неопходно средство за заштита на достоинството на новинарите и на професијата Правото на јавен протест“, се наведува во соопштението.

ЗНМ најавува дека ќе ги користи сите демократски средства да се спротивстави на ваквиот однос на судството кон новинарите.

„На ваквите еднаш, засекогаш, цврсто и одлучно мора да им се каже – Доста беше. И премногу е. Го претеравте“, се додава во соопштението.

Новинарката на А1 Менче Атанасова-Точи доби судска пресуда за прилози за експлоатирани пациенти од психијатриската болница Бардовци без да биде воопшто повикана на суд. За случајот ќе бидат информирани сите релевантни меѓународни институции, а интерес за него пројави и Народниот правобранител кој веќе поведе постапка.

Ohridnews