Здружението на новинарите на Македонија, на 21.09.2010 година го одржа годишното Собрание на кое делегатите го изгласаа извештајот за четири годишното работење на ЗНМ и финансискиот извештај. Како што информираат од ЗНМ на Собранието имало плодна дискусија во врска со предлог Статутот на Здружението и биле направени неколку технички измени во неговиот текст, во делот за изборот на координаторот на Регионалниот центар, како и за периодот за зачленување на нови членови, пред изборното Собрание.

Делегатите на Собранието побарале да се смени членот 40 точка 14 и Управниот одбор само да го верификува Координаторот избран од членовите од соодветниот регион, а не предлогот од двајца кандидати.  Исто така, било предложено во членот 24 да се додадат Регионалните центри како „органи на ЗНМ“.  Со неколку воздржани и против, било прифатено и барањето да се изврши измена и дополнување на глава XI со додавање на нови ставови во (број 3, 4, и 5) на член 62, кој да гласи:

„За потребите на свикувањето и одржувањето на Изборното собрание од член 62 од овој Статут, по еднократен исклучок од предвиденото во актите на ЗНМ, се утврдува можност за зачленување во ЗНМ заклучно со 10 денови пред одржувањето на Собранието и на денот на самото одржување на Собранието, на местото на одржување на Собранието, во времето предвидено за регистрација на присуство.

Лицата кои сакаат да се зачленат треба да ја поднесат потребната документација предвидена во Правилникот за членство (член 4).

Потврдувањето на исполнувањето на условите за прием во членство, на денот на одржувањето на Собранието го врши тричлена Комисија, со еднократен мандатсогласно овој член на Статутот,  формирана од страна на Претседателот на ЗНМ.“
 
По ова, Статутот и Правилниците биле едногласно изгласани од страна на делегатите на Здружението на новинарите на Македонија.

OhridNews