Досега за претседател на ЗНМ се поднесени шест кандидатури и тоа од новинарите: Јордановски Жарко, Костиќ Мира, Младеновски Методија – Менде, Рашиди Назим, Селмани Насер и Симјановски Аљоша. Верификационата комисија, составена од три члена, која ќе биде изгласана денес, ќе ги прегледува сите кандидатури поединечно дали ги исполнуваат критериумите.
Здружението на новинари на 20 ноември го одложи собранието за избор на нов претседател и органи на управување поради неможноста да се проверат сите нови апликации на пријавените членови на ЗНМ за да се утврди дали тие се новинари и дали имаат право на глас, како и поради огромната бројка на пријави на нови членови доставени последниот ден пред да се одржи собранието.
ЗНМ избира раководство
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com