„Очекуваме дека сите надлежни инстанци ќе го споделат нашето уверување дека македонскиот медиумски простор би бил сериозно осиромашен со затворањето на најстарата приватна телевизија во Република Македонија. Особено загрижувачки е фактот што стечајната постапка би можела да доведе до губење на работа на голем број наши колеги. Во таа смисла ССНМ веќе е во комуникација со синдикалниот претставник на ТВ А1 и до своите членови достави образец за побарувања кои треба да се упатат до стечајниот управник во случај на прекин на работниот однос. За сите натамошни чекори ССНМ на своите членови им нуди правен совет и помош“, соопштуваат тие.
Новинарскиот Синдикат и ЗНМ сметаат дека случувањата на „Перо Наков“ уште еднаш ја потенција важноста за организирање и единство помеѓу новинарите кои како што велат „ќе ги принудат работодавачите да не остават простор затворањето на некој медиум да биде претставено како борба со криминал ставајќи знак на еднаквост помеѓу новинарството и незаконското работење“.
Извор: Makfaks