Како што се наведува во соопштението ЗНМ, новото раководство изразува надеж дека со оваа одлука ќе се заштити дигнитетот на новинарите и ќе спречи нивно злоупотребување во пресметката меѓу партиите.
„Се надеваме дека одлуката доследно ќе ја применуваат сите партии и во иднина нема да се користат новинарите и медиумските работници во партиски цели. Изразуваме задоволство што двете партии го прифатија нашето укажување дека од ваквиот начин на комуникација сите сме губитници“, се наведува во соопштението на ЗНМ, од каде изразуваат подготвеност да придонесат во создавањето на коректниот демократски амбиент.