По информацијата што ја објави „Ohridnews“ за прекривањето на сообраќајните знаци кои не кореспондираат со летниот режим на сообраќај со црни најлонски кеси, локалната самоуправа се јави со појаснување за ваквиото решение.

„Со право, некои медиуми укажаа на несекојдневната слика што ја даваат сообраќајните знаци на одредени пунктови во централното градско подрачје прекриени со црни кеси, но се работи за времено решние, ни изјави портпаролот на општината, Никола Манески.

Покриените знаци всушност се нови знаци кои ќе започнат да важат од утре, кога на сила стапува новиот режим на сообраќај во Охрид. Прекривањето на знаците е направено заради неможноста  во еден ден да се заменат сите знаци,  а со стапување на сила на новиот режим на сообраќај, вечерва, најлонските кеси ке се отстранат, објаснуваат од локалната самоуправа. Оттаму појаснуваат дека старите знаци кои не кореспондираат со летниот режим на сообраќај ќе бидат демонтирани.

Како што веќе информиравме, новиот режим на сообраќај на сила стапува на 1 јули. Со него се предвидува еднонасочен сообраќај на одредени улици во центарот на Охрид, а во стариот град во периодот од 20 до 05 часот се воведува забрана за сообраќај.

Ohridnews.