„Имено, објектот кој се гледа на фотографиите, не е во сопственост на АРМ, туку истиот е сопственост на фирмата ,,Макпетрол – ТЕАС“. Без намера да ја коментираме содржината на текстот, во оваа прилика сакаме јасно да укажеме дека објекатите кои АРМ ги има во употреба, се обезбедени во согласност со законските и правилски регулативи, со кои се пропишани обврските на Армијата во кои секако спаѓаат: употребата на знамето на Република Македонија, физичко обезбедување, редовно одржување на чистотата и уредноста и друго“.
АРМ апелира во иднина информациите кои се однесуваат на амријата да се проверуваат за во јавноста да не се создава погрешна слика за АРМ и нејзиниот однос кон објектите кои ги користи.
Предавателот не бил на АРМ ама знамето било вистинско