Еден од најголемите ланци супермаркети на североистокот на САД, “Giant”, во делот на своите продавници кој се однесува на производи од интернационалните кујни, помеѓу знамињата на државите кои и денес постојат, поставено е и знамето на некогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Знамето на Југославија се наоѓа меѓу знамињата на Германија, Италија, Кина, Шведска, Јужна Кореја, Канада и други.

Не е јасно зошто знамето било поставено, бидејќи немало никакви производи од просторите на поранешна СФРЈ кои се продаваат во овој голем ланец супермаркети, а и Југославија не постои одамна.