На свечена церемонија во седиштето на НАТО во Брисел, попладнево во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич, и в.д. шефот на Постојаната мисија на земјава при НАТО, Зоран Тодоров, подигнато беше знамето на Македонија, која на 27 март стана 30-та земја членка на алијанската.
Македонското знаме истовремено беше подигнато и пред Сојузничката команда за операции во Монс, Белгија и во Сојузничката команда во Норфолк, Вирџинија.
Свечената церемонија на подигањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО, преку видео врска во Скопје се следеше во Владата, чии претставници не отпатуваа во Брисел поради актуелната состојба со котонавирусот Ковид 19.
OhridNews