Македонскиот знаменосец Атанас Николовски  на 19 место го заврши настапот во кајак – кану слаломската трка на ОИ во Пекинг.

Вкупното време на кајакарот изнесуваше 181,19 сек.  По првото возење Николоски заврши 21 со време 92,63,  додека во второто го поправи впечатокот завршувајќи 15 со време 88,56.

Постигнатото време не му обезбеди пласман во полуфиналето каде се пласираа првите 15.

Нашиот кајакар заостана 14,70 секунди зад најдобриот по денешното возење  Словенецот Петер Каузер.

М.П.