Во главниот град на Азербејџан, Баку, синоќа бил отворен плоштадот на државното знаме, со најголемиот јарбол на светот. Тоа било потврдено од официјалните лица на гинисовата книга на рекорди. Знамето се виори на висина од 162 метри, се гледа од секоја точка на градот, широко е 35 а долго 70 метри и тешко е околу 350 килограми.
Вкупната тежина на целата конструкција изнесува 220 тони. На свеченоста на отворањето на плоштадот на површина од 60 хектари на брегот на Карипското Море, учествувал и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, која бил иницијатор за неговата изградба.