Во Тунис е развиено национално знаме со големина на 19 фудбалски терени, со цел промовирање на патриотските чувства во спротивност на заканите на исламскиот екстремизам, како и поставување на светски рекорд кој ќе влезе во Гинис. Знамето е развиено во саботата, а на песокот во близина на познатата Онг Џемел карпа, во пустината на југот на Тунис. На настанот присуствувале стотици лица, како и припадници на туниската гарда, кои со звуците на националната химна одале почит на црвено белото знаме на Тунис.
Според зборовите на организаторот, за знамето со површина од 104.544 метри квадратни биле потребни 80 километри ткаенина, тешка 12,6 тона. Идејата за најголемо знаме на светот ја добил локалниот производител на текстил, откако во 2012 бил шокиран со случајот на факултетот за уметност во Мануба, каде еден студент го искинал туниското знаме заменувајќи го со црно исламистичко. Се очекува дека најголемото туниско знаме ќе биде и официјално сврстено меѓу Гинисовите светски рекорди во наредните неколку денови.