За една седмица процентот на новозаразени со Ковид 19 пораснал за над 35%, соопштина здравствените власти.
Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 септември до 4 октомври бележи зголемување на бројот на новорегистрирани случаи, при што најголемо зголемување на случаите има во возрасните групи од 20-29 за 60% и 30-39 години 46,1%.
Од 9.832 тестирања дијагностицирани се 1.203 новозаболени, најголем дел од регистрираните и натаму се од Скопје. Во споменатиот период регистрирани се 30 починати и 786 оздравени лица.
Вчера во земјата беа регистрирани 317 нови случаи на Ковид 19, најмногу од почетокот на корона кризата. По најновиуот развој на настаните денеска попладне прес конференција најави министерот за здравство Венко Филипче.
OhridNews