Српскиот туристички пазар е еден од најзначајните за македонскиот туризам, за тоа говорат и последните бројки каде е забележан раст на српски туристи и тоа за 19% во 2023 година споредбено со 2019 година. Интересен е податокот за растот на остварени ноќевања на српски туристи и тоа за 37% во 2023г споредбено со 2019 година велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Референтната година 2019 за македонскиот туризам со најголем број на странски посети е надмината во 2023 година од страна на туристите од Србија. Забележан е раст од 132% на туристи од Србија кои го посетиле Охрид во 2023 година споредбено со 2019 година, има раст и кај ноќевањата од 173% , потенцираат од АППТ.
Посочуваат дека во насока на задржување на српските туристи еден ден повеќе се превземаат активности за промоција на туристичките продукти и дестинации со цел зголемување на бројот на српски туристи и остварени ноќевања.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе реализира медиумските активности за промовирање на туристичките потенцијали на Северна Македонија во Србија преку Google и You tube ads, рекламирање преку социјалните медиуми како Facebook и Instagram. Македонско–српското пријателство, историските и традиционалните врски, заедничките вредности и интереси се одразуваат и во зацврстување на воспоставените туристички релации меѓу РС Македонија и Србија, додаваат.
Српските туристи во РС.Македонија освен Охрид, велат од АППТ, го посетуваат и винскиот регион каде што уживаат во македонските вина и гастрономијата, како и Дојран, Демир Капија, Гевгелија, зимските центри и главниот град Скопје.
OhridNews