Бројот на туристите во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 20.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 23.4 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година во земјава престојуваче 102 327 туристи, кои оствариле 243 175 ноќевања.

Бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15.9 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 22.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 11.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 29.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.4 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.3 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %.

Во периодот јануари – јуни 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.0 % и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6 %, а кај странските има зголемување за 21.9 %.

OhridNews