Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2018 година изнесува 104 034, а бројот на ноќевања 211 234.

Бројот на туристите во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 8.0 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 5.6 %. Во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бројот на домашните туристи е зголемен за 1.2 %, а бројот на странските туристи за 11.2 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4.8 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12.4 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 7.8 %, а кај странските има зголемување за 19.0 %.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 19.1 %.

OhridNews