Во периодот од 31 октомври до 6 ноември Центарот за јавно здравје Охрид направил 275 тестирања за присуствио на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно тестираните примероци, дијагностицирано е присуство на COVID-19 кај вкупно 318 лица и тоа кај 190 лица од општина Охрид, кај 89 лица од општина Струга и кај 39 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 53 лица од Охрид, 24 од Струга и 23 лица од Дебар. Починати се 9 лица од Охрид и 1 лице од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 357, во Струга 161, а во Дебар 63. – соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

Од почетокот на епидемијата до 6 ноември лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2178 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 892 лица во општина Охрид и Дебрца, 911 лица во општина Струга и Вевчани и 375 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 491, од Струга се 672, а од Дебар и Центар Жупа се 283 пациенти. Од општина Охрид и Дебарца има 32 починати пациенти, од општина Струга се починати 76, а од Дебар и Центар Жупа се починати 18 лица, информира Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews