Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 14,54% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 09.03.2020 година.
- Нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради корона вирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
Од 17.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 7,50 денари/литар и ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6,00 денари/литар и од вечерва на полноќ малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 ден/кг и ќе изнесува 21,934 ден/кг.
OhridNews