Од буџетот на државата обезбедеби се милион евра за изградби на локални улици и патишта, што ќе биде олеснување за општина Охрид, бидејќи покрај општинскиот буџет државата ќе помогне за реализација на сите општински проекти. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој вчера беше во работна посета на Охрид, каде изврши увид во градежните активности околу целосната реконструкција на улицата „Абас Емин“, една од поважните сообраќајници во градот.

Улицата „Абас Емин“ главно се реконструира со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, но и со дел средства обезбедени од општинскиот буџет. Паралелено на сите активности се работи на транзитот во Охрид преку ЈП за државни патишта, се работи и на голем дел водоводи и канализациски мрежи, рече Сугарески.

Проектот за реконструкција на улицата „Абас Емин“ е вреден 45 милиони денари. Предвидува целосна издградба на нова сообраќајница, со поставен нов цевковод за атмосферска и фекална канализација, нова водоводна мрежа, како и површинско уредување со асфалт и тротоари. Предвидено е зафатот да трае 13 месеци.

На терен се поставува целосно нова водоводна и канализациска мрежа, на сообраќајница за која воопшто нема подземен катастар така што во самиот процес на работа се наидува на огромен број диви приклучоци од станбени објекти, невпишани подземни инсталации, односно непредвидливи зафати што го усложнуваат процесот, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Министерот Сугарески изрази задоволство од градежната офанзива насекаде низ државата. С се анирани регионални патишта во сите осум плански региони, со очекувања динамиката де продолжи со цел реализирање голем број проекти од владината програма но и од програмата на Општина Охрид, рече Сугарески.

OhridNews