03:00 Под влијание на влажна воздушна маса од север, во текот на ноќта обилните врнежи од дожд преминаа во снег речиси во целата земја. Дува силен северен ветер што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата, информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР.
Врнежи од снег вечерва има и во Охрид, каде веќе е формирана снежна покривка.
Денеска времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег. Во планинските региони и во западните делови ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 20 см. Поради силниот ветер (над 70 км/час) на места ќе има услови за појава на снежни наноси, предупредува УХМР.
OhridNews