Сончевото и топло време ќе се задржи уште во текот на утрешниот ден кога максималната температура во Охрид ќе биде 26 степени, а минималната 6.

Од вторник, и покрај сончевото време, следува значително намалување на температурите при што во вторник и среда дневната температура ќе се движи од 13 до 15 степена, а минималната од 2 до 3.

Од четврток ќе има благо покачување на температурите.  Тие ќе се движат од 17 степени до 21 степен во сабота. Минималните ќе бидат од 4 до 8 степени. Во недела температурата повторно ќе падне на 15 степени целзиусови.

OhridNews