Ветрот и дождот од изминатата ноќ предизвикаа пад на температурата за неколку степени. До крајот на денот во Охрид ќе се задржи променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе дoстигне до 26 степени Целзиусови.
Во понеделник ќе имаме променливо облачно време со услови за врнежи од дожд, на места во облик на невреме, што ќе предизвика дополнителен пад на температурите, а максималната ќе достигне до 25 степени. Слично време не очекува и во деновите потоа.
OhridNews