Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 17 степени Целзиусови, информира УХМР.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 3-11, а дневната од 16-24 степени.
OhridNews