Во последните 24 часа се направени 817 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на Ковид-19. Во Охрид нема нови случаи, во Струга се регистрирани 2, во Скопје 7, Прилеп 8, а во Гостивар 11.

Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравен пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14330, бројката на оздравени пациенти е 11062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2668.

OhridNews