Старите рекле: купи ново, а на старото неплукај, истото важи и за шумите во светот.

Инспирација и повод за долу напишаното ми даде од примерот што го видов на ohridnews.com од 12,09,2016 20:08. За сето ова ке зборуваме малку подолу, но сега ќе дадеме мал детал општо за шумите во светот и шумите во Р. Македонија. Шумата е подрачје густо обраснато со дрва.Шумата покрива 9,4% од површината на земјата или 30% од вкупната копнена површина. Но за жал некогаш таа покривала 50% која што има значајна улога на организмите како фактори во кружењето на водата и запазување на почвите.

Вкупно земјината површина зафаќа 510.100.000, од тие 1/3 е под шума или 170.333.000. Оваа вкупна површина на шума во текот на една година испушта 30.000.000.000 тони кислород а додека апсорбира 400.000.000.000 јаглероден диоксид кој е многу штетен за човекот. Од ова може да се константира и утврди колкава е користа на шумите во однос на јаглеродниот диоксид и кислородот. Шумарството е индустриска гранка која го опфаќа одгледувањето и искористувањето на шумите. Тие покрај кислородот и јаглеродниот диоксид имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи ги прочистува загадениот воздух, ги ублажува ветровите ги спречува ерозиите и поплавите.

Дрвото има широка примена во градежништвото, дрвната и хемиската индустрија. Во зависност од климатските услови шумите се делат на тропски, суптропски и шуми во предели со умерено-континентална клима. во тропските шуми се одгледува голем број на скапоцени дрвја како бамбусовото, абонусово, тиквово, мехагоново, кинеско и други. Најбогати држави со шума се Бразил, Демократска република Конго, Русија, Канада, Норвешка, Америка и др. Кога вејке ги спомнавме богатите земји со шума треба да нагласиме дека Нолрвешка е држава со највисока еколошка свест. Норвешка во 2008 година му даде на Бразил 1.000.000.000 долари. Бразил е земја која што е дом на 60% од Амазон за да се спречи неконтролираната шеча на шумите. Бразил тоа го спроведе, така што до 2015 година ова јужноамериканска држава го намали уништувањето на шумите за неверојатни 75%.

Шумите во Македонија.

Македонија е земја со површина од 25.710 км2 од кои 37% е под шума. Непобитен е фактот дека владата на Р.М има голем интерес за пошумување на непошумените предели со цел да се зголеми површината на шумата, а со тоа истовремено се зголемуваат општокорисните функции во целина. Владата секоја година 2 пати врши пошумување на обешумените терени и така,  што се смета дека процентот на пошуменоста во македонија од 37% зголемено е некаде над 40% преку акцијата ,, Ден на дрвото. Со ова Македонија по пошуменост се приближува до Босна и Херцеговина која земја е најзашумена на балканот. Годишно 1км2 шума испушта 176 тона кислород или вкупно македонските шуми пуштаат 1.673.760 тони кислород, додека годишно би апсорбирале 2.353 тони јаглероден диоксид по 1км квадратен или 22.348.500 тони јаглероден диоксид. Во горе наведениот напис пишува дека шумите во Македонија масовно со години се сечеле. Масовното сечење на шумите во Македонија не е точно, напротив во последниве години со измена и дополнување на законот за шуми член 81 му е додаден АБВГД каде што некогашните шумари сега се овластени лица за чување во внатрешноста на шумата.

Шумската полиција е должна да врши контролна и патролна служба исто така благодарение на активната полиција сметам дека кражбите во шумата се намалени негде од 50-60%. Како што е наведено погоре дрвото да небиде актуелно во градовите, единствено да се користи во селските средини, но да нема масовна сеча на шумите туку како што било порано да се дава дозвола на лежечка маса.

Почитуван господин колега тоа не држи ни малку место што го кажувате бидејки што шумата е од локален и национален карактер па затоа шумата му треба секому. Наведено е дека во Македонија се сечеле 1,5 милиони кубни метри или за појасно на лу/ето тоа изнесува 2,145 000 просторни метри дрва(дали е тоа можно во некоја земја многу многу поголема од Македонија да се случи тоа а камо ли во Македонија). За илустрација вкупните резерви на дрво во Р.М изнесува близу 75.900.000м3.

Вкупниот годишен прираст на шумите во Р.М инзесува 1.811.000м3, а додека годишниот сечив етат е предвиден 1.300.000кубици што радува фактот од годишниот прираст останува како залиха 511 000м3. Исто така би сакал да напомнам дека од годишниот сечив етат има и неможен етат така што во Македонија може да се посече околу 1.000.000м3, кои што истовремено потребите на Р.М од дрво се околу 1.000.000м3. Исто така е напоменато дека со тие 1.500.000м3 дрвна маса што претставува површина од 8000хектари.

Почитуван според вашите податоци што ги изнесувате за сеча не ќе е површина од 8.000 хектари туку ќе е од 16.667 хектари шума. Се напоменува дека крајбрежниот појас на езерото нетреба да се сече, тоа е факт дека навистина нетреба да се сече но многу е побитно и важно да се уредат и заштитат поројните сливови за што помалку да се намали протокот на вода. Се спомнува дека би можело да дојде до измена на ареалот на одредени видови.Тие што се на пониска надморска височина да дојдат на повисока и обратно, тоа не е можно во никој случај бидејќи што како е пример палмата успева односно оди на север до северниот дел на средоземно море а неможе да оди на галичица на 1.500 метри надморска височина.

РИСТО КЛИМОВСКИ  ОД ОХРИД
СО ЗАВРШЕН ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ – ПОСДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОДДЕЛ СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА