Пред ГРК Охрид е значајна недела во која „гладијаторите“ се пред нови првенствени предизвици. Првиот е во четврток, 13 април, кога ГРК Охрид гостува на Вардар во Скопје.

Вардар е актуелен шампион и фаворитт, но ќе дадеме се од себе и ќе одиграме максимално во текот на целиот натпревар. Наша цел е да оствариме што повисок пласман во плеј-офот и ќе направиме се да ја оствариме. – најавуваат „гладијаторите“.

Натпреварот од 9 коло од плеј-офот помеѓу Вардар и Охрид ќе се игра во малата сала „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 16:30 часот. По овој меч нема пауза за Охрид, кој веќе в сабота дома го пречекува Тиквеш во битка за 4 место на табелата, натпревар кој е во примарен фокус на екипата.

OhridNews