Две трети места освоија охридските млади каратисти од карате клубот „Кун-су-то“ Охрид на Државното карате првенство за кадети, јуниори и У21, кое се одржа денес во Гостивар,  информираат од клубот.

Тамара Ѓурчиноска освои трето место во категоријата јуниорки – 59 кг, додека Сара Цикус трето место во категоријата кадетки-61 кг, додаваат од клубот.

Првенството беше организирано од Карате федерацијата на Македонија.

OhridNews