42 атлетичари членовите на АК „Охрид трчаТ” учествуваа на атлетски митинг „Светски ден на атлетиката” во Скопје и постигнаа значајни резултати во соодветните категории.

Митингот беше во организација на Атлетска федерација на Северна Македонија и беше наменет за неколку категории на атлетичари и тоа сениори/ки, млади малдинци/ки и детска атлетика во двете категории 7/8 години и 9/10 години, информираат од АК „Охрид трчаТ”.

Претставниците на клубот забележаа значајни резултати и тоа во сите категории, велат од клубот.

Детска атлетика категорија 9/10 години – екипно прво место, детска атлетика категорија 7/8 години – екипно 5 место, 100 метри сениори Владимир Пердулоски – трето место, скок во далечина сениори Владимир Пердулоски – прво место, 100 метри млади младинки Јана Димоска – трето место, 800 метри млади мадинки Софија Балоска – второ место, додека на истата дисциплина Ангела Ѓоршеска го освои третото место, скок во височина млади младинци Бојан Секулоски – трето место, скок во височина млади младинки Софија Коруноска- второ место додека Матеа Матеска – трето место.

Успешниот настап на младите атлетичари на АК “Охрид трчаТ” го надополнија и другите наши атлетичари кои постигнаа одлични резултати за нивната возраст и скоро сите си ги подобрија своите лични рекорди, додаваат од клубот.

Воедно информираат дека претстојниот викенд следи уште еден атлетски натпревар, државно пионерско првенство, на кој очекуваат атлетичарчињата од клубот да постигнат одлични резултати.

OhridNews