Иста мета, исто растојание за ГФК Охрид во борбата за опстанок во Втората лига Запад, односно за ФК Воска Спорт во трката за пласман во Прва лига po 24-то првенствено коло, што се одигра денеска.

Охрид на гости стигна до вредна победа над Велешта 2:3 со што ја продолжи трката со Кораб за опстанок. Дебрани денеска славеа убедливо 0:6 кај фенерџијата Кадино и го задржаа бодот предност пред ГФК Охрид Лихнидос. Кораб на 7-то место има 26, а Охрид на 8-то има 25 бода.

Воска Спорт до врв ја наполни мрежата на Тетекс во Тетово славејќи со убедливи 0:6. Воска има 55 бода на 2-то место на табелата кое води во плејофот за пласман во Првата лига, 6 повеќе од третопласираниот Вардар (49).

Во следното коло, кое на програмата е на 30 април, Охрид Лихнидос дома го пречекува Кадино, а Воска Спорт, исто така дома, во директна пресметка за место во баражот за Прва лига се среќава со Вардар.

OhridNews
Фото: Архива