ЈЗУ Општа болница Охрид доби донација на Одделението за уво грло и нос – ОРЛ, Фиберендоскопски апарат, чија вредност изнесува околу 12.000 евра.
Оваа донација е од огромно значење како за болницата така и за пациентите, вели директорот на Општа болница Охрид, д-р Асен Шајн.
Фиберендоскопијата овозможува брза, лесна и точна дијагностика при отоларинголошки преглед. Дијагностиката е безболна и краткотраја со минимална соработка на пациентот, објаснуваат од Одделението за уво грло и нос.
Флексибилната оптичка ендоскопија претставува златен стандард во дијагностика на болести на нос и грло. Исто така, се користи за дијагностика кај деца, за рано откривање на зголемен трет крајник.
Фиберендоскопијата служи за дијагностика на: воспаление на нос и синуси, алергиски болести на нос и синуси, хипертрофија на трет крајник, болести на еустахиева туба и средно уво, тумори на нос, синуси и фарингс, носни полипози, болести на гласни жици и грло, посочуваат од ОРЛ.
Г.М.