Британката Кети Хед од Абингдон се шокирала кога го отворила гепекот на своето Рено Клио во кој видела змија долга 1,5 метри. Змијата, Спартакус, му побегнала на нејзиниот посинок Карл Саливан пред три месеци.
Ја оставил во кутија во автомобилот. И покрај бројните потраги не успеале да ја пронајдат. Рекол дека го проверил секое делче на автомобилот, но без успех. Иако Кети знаела дека змијата е некаде во близина, сепак се шокирала кога ја здогледала.