Освен парите кои сакал да ги подигне, еден шпанец од банкоматот извлекол и змија. На патот кон своето работно место застанал пред банкомат не знаејќи што се ќе му се случи. Сепак, кога освен парите од банкоматот излегла и змијата, човекот успеал да ги зграби парите и да повика полиција.
Полицајците успеале од апаратот да ја извлечат заглавената змија, а сеуште не е познато како таа се нашла таму. Не ја исклучиле можноста некој намерно да ја ставил во банкоматот, како би направил невкусна шега.