Работниците кои го чистеле авионот на аеродромот во Глазгов под седиштата пронашле змија долга 45 сантиметри, јавиле локалните медиуми. Веднаш биле повикани експерти од Друштвото за спречување на мачење на животните, кои ја уловиле змијата и ја пренеле во својот центар.

Змијата била пронајдена во авионот кој во Глазгов слетал од Канкун, Мексико, а експертите востановиле дека не станува збор за отровна змија. Засега не е познато дали змијата незабележано влегла во авионот пред полетувањето или излегла од багажот на некој патник, но сите се сложиле дека голема среќа било што никој не ја забележал за време на летот, бидејќи сигурно би настанала голема паника.