Кралската змија Реџи ја гризнала сопствената опашка заменувајќи ја за вечера. Си проголтала една третина од телото пред да свати што прави. Меѓутоа не можела да се ослободи бидејќи вилицата и се вкочанила. За среќа ја забележал сопственикот и ја одвел на ветеринар пред да почне да го вари вкусниот оброк.


Ветеринарот рекол дека доколку ваква змија се остави во мал простор постои опасност да си ја изеде опашката. Не можат да се растегнат па мислат дека опашката е друга змија. Кралските змии живеат 20 години, а растат нешто повеќе од 2 метри. Се хранат со глодари, птици и други змии.