Група луѓе кја се затекнала на брегот на езерото на северозападот на Австралија со големо внимание следела тивка, но немилосрдна битка помеѓу змија и крокодил. По неколку часа, змијата однела победа и го изела својот противник. Еден од очевидците на необичната сцена, Тревис Корлис, која се одиграла овој викенд во езерото Мундора, во државата Квинсленд, рекол дека двата влекачи со часови се бореле во водата.

Змијата, најверојатно питон долг околу три метри, се извила околу крокодилот кој имал околу еден метар. Корлис рекол дека стоеле и гледале потполно фасцинирани. Тој раскажал дека по неколку часа змијаа го извлекла мртвиот крокодил на брегот. Десет минути подоцна крокодилот исчезнал, односно змијата го проголтала. Во езерото Мундора живеат голем број слатководни крокодили како и змии, напоменал Корлис, но навел дека ова е прв пат да ги види овие два опасни влекачи во смртна прегратка.