Во едно реално шоу на холандската телевизија со име „Вистински девојки во џунгла“, змија каснала една од учесничките по што таа завршила во болница. Фаталната епизода била снимена во Суринам. Пред натпреварувачката била ставена кутија во која се наоѓала змијата. Која било од девојките можела да ја отвори кутијата, но Џумке Џеринга го прифатила предизвикот.


Штом ја отворила кутијата змијата ја каснала, а потоа и се замотала околу раката. Несреќната девојка почнала да плаче, а ниту тројцата чувари кои пристигнале на помош не можеле да ја оттргнат од силниот змиски стисок. Иако змијата не била отровна таа завршила во болница затоа што местото на кое ја каснала се воспалило. Шоуто продолжило да се емитува, а овој немил настан само му ја зголемил гледаноста.