Без победник и без голови 0-0 заврши „еден два“ пресметката помеѓу Австрија и Босна и Херцеговина одиграна на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена. Ремито беше доволно за избраниците на Роберт Просинечки да обезбедат место во баражот за пласман на ЕП 2020, како и  пласман во елитната група наредната сезона.

  • Одигравме солидно во еден тезок и тврд натпревар. Нашата цел е исполнета, натпреварите во Лигата на нации добро ни дојдоа да се воиграме за главните квалификации кои стартуваат на пролет. Да ја почекаме ждрепката да ги дознаеме нашите противници, па потоа може да говориме за насите шанси. Сепак, ова е квалитетна репрезентација и се освен пласман на ЕП ќе биде неуспех – самоуверено истакна Просинечки.

Во текот на кавлификациите „змаевите“ предводени од Џеко и Пјаник забележаа три победи и едно реми со гол разлика 5-1.

  • Ова е шанса да одиме не ЕП, односно поправна шанса доколку не успееме преку квалификаците, во што јас искрено не верувам. Заслужено сме први во групата и во наредниот циклус ќе бидеме дел од најдобрите селекции во А групата – истакна напаѓачот на Рома, Џеко кој исто така се заблагодари на одличната поддршка на „гостувањето“ во Виена.

Со ремито селекцијата на Австрија, делумно ја оствари целта. Опстанок во Б групата како и во 2 шешир при ждрепката за престојните квалификации за ЕП. Желбата беше прво место.

  • Направивме многу грешки во почетната фаза од мечот. Селекцијата на БиХ е доста компактна и примаат многу малку голови. Во последните 12 меча имаат само еден пораз, а во шпицот го имаат Един Џеко кој е фудбалер од светска класа – рече австрискиот селектор Франко Фода.

Предовдникот на австрискиот напад, Марко Аранаутовиќ не го криеше разочарувањето по завршувањето на мечот.

  • Секако дека сакавме да победиме и да останеме во трка за првото место во групата. Но, не стигнавме до победата и пласманот во баразот. Им честитам на гостинските навивачи кои во голем број дојдоа да ја поддржат гостинската екипа. 

Напаѓачот на австрискиот состав Арнаутовиќ кој е Србин по потекло се осврна и на „традиционалното“ (не)пријателство на мецевите помегју селекциите на балканот.

  • Кога играме против Бих, Србија, Хрватска и Турција ние сме како гости во Виена. Србин сум, но не мрзам ниту една словенска земја, луѓето на балканот се уште мислат дека сме во војна, но за мене таа одамна не постои. На сите им посакувам се најдобро – доде Арнаутовиц.

Во последната рунда од групата во мец кој нема да има резултатско знаценје Австрија и гостува на Северна Ирска.

М. Постоловски