По повод празникот 11 Октомври, во село Злести свечено во употреба беше ставен фудбалскиот стадион „Климе Злестовчето“.
На свеченоста присуствуваа и имаа свое обраќање Градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски и претседател на ФК Злести Кирил Јосифоски.
Се работи за реконструкција на фудбалско игралиште за кое се издвоени средства од буџетот на општина Дебарца. Реконструкцијата опфати изградба на трибина, соблекувална, поставување на мрежи на стативи и нивно бојадисување, зацврстување на бетонски столбови, поставување на влезна врата во теренот.
По повод пуштањето во употреба на реконструираното фудбалско игралиште во Злести, се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу репрезентацијата Дебрца и ФК Злести.
OhridNews