На државниот турнир во кик бокс, што се одржа викендов во Скопје во организација на Кик бокс федерација на Македонија, во конкуренција на 200 натпреварувачи, охридските кик боксери освоија 3 медалји.
Најголем успех постигна Артан Алиу, кој стана државен првак во категорија до 63 кг. во „lou kick“, додека Енис Алиу во категоријата до 41 кг. освои сребро, а Ардијан Насуфи во категоријата до 91кг, освои бронза.
OhridNews