Египетската царинска служба во багажот на еден од патниците го пронашла најскапото месо на светот, бидејќи во еден пакет мелено месо било сокриено злато со вкупна пазарна вредност од околу 44 илјади американски долари.
Патникот, египетски државјанин кој допатувал од Атина најверојатно го сокрил златото за да го прошверцува. Златото било запленето а месото фрлено. Патникот бил уапсен од полицијата, а истрагата за потеклото на златото е во тек.