На Државното детско карате првенство кое се одржа на 8 април во Крива Паланка, организирано од Карате Федерација на Македонија, карате клубот “Кун-су-то” од Охрид учествуваше со пет натпреварувачи и освои една златна и два сребрени медала.
Матеа Грозданоска освои прво место во борби, во женска кинкуренција до 13 години -39 кг. и второ место во истата конкуренција. Наум Велески освои второ место во борби машки 13 години -45 кг. додека Марија Велкоска, Јована Петреска и Климент Јанески, покажаа одлични изведби и се стекнаа со искуство за настапи на официјални првенства, информира клубот.
Со постигнатите резултати Матеа и Наум се изборија за влез во детската карате репрезентација која ќе земе учество на Балканското карате првенство.
OhridNews