Членовите на Кендо клубот „ОХРИД” од Охрид и Кендо доџо „ЈОШИН” од Скопје беа во тимот што ја претставуваше Македонија на 16от интернационален „Солун Кендо куп”.

На турнирот првиот сениорски тим во чиј состав беше и тренерот на клубот Александар Петрески, го освои турнирот и се закити со златен медал.

Ова е втор шампионски медал за Петрески на овој турнир. Воедно на турнирот се одржа и полагање за мајсторски степени каде тој успешно положи за 3дан, информираат од Кендо клубот „ОХРИД”.

Вториот сениорски тим во чиј состав беше Благоја Башоски од Кендо клубот “ОХРИД” се закити со бронзен медал. Благоја имаше успешен настап и во јуниорска конкуренција за што доби медал за прикажано одлично Кендо.

Во конкуренција од 12 земји учеснички, македонскиот тим беше најтрофеен, а покрај двата медали во сениори екипно, во продолжение и останатите резултати:

Сениори мажи/жени индивидуално

Матеј Ивановски – 1во место
Ивона Лазаровска – 2ро место
Ангела Атанасовска – 3то место

Кадети индивидуално

Матеј Илиоски – 2ро место

Пионери индивидуално

Меланија Крстевска – 1во место
Јована Андоновска – 3то место
Михаил Миленковиќ – 3то место

Јуниори екипно(микс тим)

Меланија Крстевска – 1во место
Матеј Илиоски – 3-то место.

За жал повеќе членови на македонскиот тим беа оневозможени да настапат поради проблемот со пасошите што беше хендикеп за поголем успех, додаваат од Кендо клубот „ОХРИД”.

OhridNews