Детскиот состав при Ф.А. „Филиграни“ – Охрид го освои златниот медал во конкуренција на странските ансамбли на 16-от меѓународен фолклорен фестивал “Јужни сонца“, што од 1-3 мај се одржа во Петрич – Бугарија. Ова е второ учество на ФА „Филиграни“ на овој реномиран фолклорен фестифал, на кој годинава настапија преку 2000 учесници.

На фестивалот во специјални гости учествуваше и нашиот национален ансамбл „Танец“ од Скопје.

Ф.А, „Филиграни“ова лето го очекуваат бројни активности, организација на 9-от интернационален фолк фест „Разиграно оро“ 2015, на кој оваа година ке учествуваат 30 ансамбли, со над 1000 учесници од цела Европа. Првиот состав на ансамблот од 21-29 јули ќе учествува на голем фолклорен фестивал во Краков Полска, а ветераните ќе гостуваат во Ужице, Србија во месец септември. 

OhridNews